Чаир – Пелистер 0:1 (0:0)
Во рамките на 24. коло од Првата фудбалска лига на Македонија екипата на Пелистер од Битола играше на Чаир во Скопје, против Шкупи и од таму во Битола се враќа со три бода после минималната победа од 0:1.
Одлучувачкиот гол за Пелистер го постигна Александар Ристевски во вториот дел, а претходно “пелистерци“ останаа со десет фудбалери на теренот по црвениот картон на Тарасенко.
Стартот на натпреварот беше во знак на Пелистер, а потоа домаќинот се ослободија од притисок на гостите. Шкупи имаше поништен гол во 25. минута, откако помошникот на Илиоски сигнализира недозволена позиција за додавањето кон Ибиши од бековска позиција и потоа голот на Кадриу не важеше, а полувремето заврши со 0:0.
И стартот на второто полувреме како и крајот на првото, со иницијатива на Шкупи. Ибиши ја прими топката и си ја префрли на десна, но неговиот удар го одбрани Јовчевски. Во 69. минут “пелистерци“ останаа со десетмина на теренот, по фаулот на Тарасенко врз Рамани доби жолт картон, а Русинот не се сложи со одлуката на судијата бурно реагираше и му беше покажан втор жолт и црвен картон.
Фудбалерите на Пелистер во 74. минута дојдоа до воство во три потега. Слободниот удар изведе Такахара, го пронајде Гроздановски на втора статива, а овој додаде до капитенот Александар Ристевски кој погоди за 0:1, од идеална позиција за гол, сам, небранет од никого.
Во долго судиско продолжение “пелистерци“ се одбранија и не примија гол, за мирна пролет делеку од тимовите за испаѓање.
По 24 кола Пелистер останува на 7. место, но сега со 29 бода на 7. место, два помалку од Шкупи кој е шести, а седум повеќе од Вардар на 8. место.