Press "Enter" to skip to content

Полицијата започна со превенција за “Заштита на шумите од пожари“, граѓаните информирани и за казнените законски одредби

Отсекот за превенција при СВР Битола, заедно со полициски службеници од Одделението за полиција при СВР Битол,а во селата Гермијан, Бач, Скочивир, Рибарци, Брод и Гнеотино од Општина Новаци одржаа работен состанок чија што цел беше разгледување на безбедносната состојба и степенот на загрозеност на шумите од пожари, потоа мерки за поефикасна превенција, рано предупредување и спречување пожари на отворен простор и во шумски предели, примарно преку зајакнување на комуникациите и координацијата помеѓу надлежните субјекти и други мерки за поефикасна заштита од пожари.Исто така, на ссредбата со населението беше разговарано и за начините за спречување на случаите за бесправно сечење на шума. Со присутните беше разговарано и за безбедноста во делот на имотните деликти, односно измамите, како и за нарушувањата на јавниот ред и мир, посебно од страна на малолетници и начини на заедничко дејствување со цел зголемување на безбедноста и взаемна доверба, намалување на прекршоци и други кривично правни настани.  Граѓаните беа информирани и за казнените законски одредби по однос на предизвикувањето пожар, намерно или од невнимание, како кривично дело за кое сторителите се санкционираат