-Надлежните институции се уште го вршат увидот за големиот пожар во дискотека во Кочани при што загинаа 59 лица. Од повредените 45 лица се во критична состојба и тие се пренесени во соодветни здравствени установи во Грција, Бугарија, Србија, Турција… Сите осомничени лица за овој настан се во притвор, изјави Панче Тошковски, министер за внатрешни работи на Македонија.
-Во СВР Скопје и во СВР Тетово приведени се пет лица со кои се обавуваат разговори. Меѓу нив е и еден поранешен министер. Извршени се претреси кај две службени лица од Министерството за економија, во книговодствено биро и во домот на сопственикот. Издавањето на лиценци за вакви објекти е во надлежност на Министерството за економија. А лиценцата за оваа дискотека е фалсификувана. Во Штип вчера се приведени 13 лица – сопственикот, членови на обезбедувањето, работодавецот, продавачот на билети, инспектори од пазарен и од трудов инспекторат, сопстевникот на објектот…, рече Тошковски.
Пиротехниката во дискотеката „Пулс“ во Кочани ја донел бендот „ДНК“, лицето кое било задолжено за нивна употреба е починато.
По завршување на увидот, ќе биде доставен извештај на ОЈО, по што ќе се утврди дали истите требале да поседуваат одреден сертификат за употреба.
Според Тошковски, дискотеката работела во објект чија што намена е лесна индустрија, а не угостителство. За цел клуб имало само два противпожарни апарати. Концертот бил одржан „на диво“ бидејќи немало писмен договор меѓу организаторот и оддржувачите.
Приведени се 5 лица со кои се разговара и меѓу нив е и поранешен министер. Нареден е претрес кај 2 лица. Правното лице немало валидна лиценца за работа, односно приложил вчера фалсификат лиценца па и кај него ќе се врши претрес.
Вчера приведени 13 лица во Штип, меѓу кои сопственик, обезбедување, продавач на билети, член на пазарен инспекторат, еден од трудов инспектор и уште некои. Сите имаат притвор од 7 дена за предизвикување на општа опасност.