На 18.03.2025 во 00.00 часот во СВР Битола било пријавено дека во патничко возило „сузуки” со грчки национални ознаки на паркинг простор на булевар „1 Мај “ во Битола, бил пронајден починат Ј.П. (73) од Република Грција.
Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство.
Увид извршила увидна екипа на СВР Битола, а по насока на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.