-Како што Св. Климент ја носел светлината на разумот, така и ние да го носиме светлото на солидарноста, УКЛО, Битола 18 март 2025 година.
На 18 март 2025 година, во дворот на Ректоратот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, беше одржана комеморативна церемонија во чест на жртвите од трагедијата во Кочани. Студенти, вработени од УКЛО, средношколци од Гимназијата „Јосип Броз Тито“ и граѓани на Битола се обединија во изразување на длабокото сочувство и солидарност.Церемонијата започна со едноминутно молчење, предводено од претседателот на Универзитетското студентско собрание, Димитар Атансовски.
Студентите и присутните имаа можност да остават пораки, молитви и мисли во Книгата на жалост, а положувањето на букети цвеќе ја симболизираше нивната солидарност со жртвите.
На младите луѓе им се приклучија и делегации од раководството на УКЛО, синдикатот на вработените, како и градоначалникот на Општина Битола.
Инаку УКЛО, заедно со студентите, на 17 март 2025 г. прeдолжи План за активна поддршка на младите луѓе.
Поддршката ќе биде преку организирање креативни работилници и дискусии за да им помогнат полесно да ја надминат тагата и емоциналната вознемиреност и сите кои имаат потреба од советување да се обратат до Психолошкото советувалиште на УКЛО.
Церемонијата во Ректоратот на УКЛО беше силен потсетник за солидарноста и заедничката поддршка во тешки времиња.