Press "Enter" to skip to content

Македонија тагува – денеска се погребите на загинатите во ужасниот пожар во Кочани

Погребот на 59-те жртви во ноќниот клуб ќе биде извршен денеска. На погребот ќе присуствува и поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан, како и неколку владици од Синодот.

Погребните церемонии ќе бидат во 11 часот во Штип, во 12 часот во Кочани и во 13 часот во село Облешево, додека погребите на други места од каде што има починати ќе бидат во различни временски периоди. Погребни церемонии ќе има и во Пробиштип и во Скопје

Митрополитот на Брегалничката епархија г. Иларион по несреќата во дискотеката во Кочани, каде што згаснаа животите на 59 лица, повика со молитва кон Бога, со трпение, со смирение да се подготвиме и починатите да ги испратиме во вечноста и болните да се молиме Господ Бог да ги исцели и да ги излечи.

Тој изрази  сочувство до родителите, роднините и блиските на починатите, а на починатите им посака човековљубивиот Бог да ги насели во царството небесно меѓу ангелите и светителите.

Од 59-те загинати во трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, 43 се од Кочани, по пет лица се од Скопје и Штип, тројца од Пробиштип, двајца загинати се од Виница и едно лице е од Струмица. Тројца од починатите се малолетници.

Повредени се 178 лица, од кои 64 се во државните болници во Македонија, 13 се во приватните болници, a во моментов 101 пациент се лекува во странство.

More from ВестиMore posts in Вести »