Press "Enter" to skip to content

На УКЛО Битола одржана обука за интервенција во криза во услови на колективна траума (фото) 

Професорките од Психолошкото советувалиште на УКЛО Битола  д-р Драгана Батиќ и д-р Гордана Ристевска Димитровска на 21 март 2025 г. одржаа специјализирана обука за интервенција во криза, со акцент на работа во услови на колективна траума, наменета за сите професионалци кои работат во поддршка на луѓето во кризни ситуации.-Обуката доаѓа по трагичниот настан во Кочани, наменета е за психолозите, педагозите, социјалните работници, како и сите членови на стручните тимови во училиштата и центрите за социјална работа, со цел да и помогнат на заедницата, пред се на децата и адолесцентите, на студентите, но, исто така и на некои поголеми колективи, да можат да се триажираат поединците кои се особено засегнати, да им се даде поспецифична помош, но во принцип како да креираат психосоцијални интервенции со кои можат да му помогнат на населението во нашиот регион – изјави професорката Ристевска Димитровска од ВМШ.-Она што се случи во Кочани е колективна траума, сите сме засегнати, вели проф д-р Драгана Батиќ од Факултететот за безбедност во Скопје.

-После ова нема човек кој што не е потресен, кој што не сoчувствува со семејствaтa. Ова е една кризна состојба, значи една траума, која што долго ќе се памти. Така да, мислам дека сите ние на некој начин сме засегнати. И заради тоа идејата е да се видиме со нашите колеги, психолози, педагози, сите што работат со луѓе, за да и ние меѓусебно си дадеме подршка, како да работиме и како во оваа ситуација да применуваме психосоцијална интервенција или интервенција во криза, за да се превенираат понатамошните нарушувања. Многу е важно луѓето да ги изразат своите мислења, да ги изразат своите емоции, да ги споделат меѓусебно, за да видиме дека ние не сме сами, дека сите сочувствуваме. Тоа е една од работите,  да се разговара и да се уважат сите мислења и емоции кои што се јавуваат во оваа ситуација, а кои што сте прилично тешки.Професорките и експерти од Психолошкото советувалиште на УКЛО, Батиќ и Ристевска-Димитровска посочуваат уште дека:  Сеуште сме во рана фаза, кога се работи за вакви кризни ситуации, и потребно е сите структури во општеството да работат сплотено. Треба да работиме сите од многу аспекти, и властите, и стручните служби за ментално здравје.Секој кој може во заедницата да помогне, треба да работиме за да ја вратиме полека надежта и чувството на сигурност. Тоа многу ќе зависи и од тоа како државата ќе се справи со овој настан, целокупно, и од правен аспект, и од аспект на превентивни мерки, кои промени ќе се случат во општеството. Народот ќе реагира на тие мерки и ако од нив народот не е задоволен, може гневот да се зголеми. Во спротивно, доколку мерките се соодветни, природно е во заедницата полека-полека гневот да спластнува, да се продолжи животот со нормален тек, сите институции да продолжат да функционират како што треба, и долго-долго време ќе треба за да се врати довербата во системот. Таа е многу изгубена, комплетно е уништена, и би требало полека-полека да очекуваме да се вратиме во нормала. Ако институциите не изреагираат соодветно, тогаш и луѓето ќе реагираат соодветно на несоодветните акции. Доколку институциите соодветно реагираат, луѓето ќе реагираат со враќање на надежта и враќање на смислата за животот повторно, и на целокупното чувство на сигурност, кое сите го изгубивме. Секогаш го губиме во вакви настани, без оглед дали се од човек направени или се направени од природни катастрофи.Проблемската работилница, која се одржа во Co-Space просториите во Студентскиот информативен центар на УКЛО, е своеден пример за микроквалификации поврзани со кризна интервенција и менаџмент, својствена на концептот на Европската универзитетска алијанса КОЛОРС. Инаку, Психолошкото советувалиште на УКЛО е достапно за секој студент кој има потреба од помош и поддршка.Контакти за поддршка:

Драгана Батиќ: 075 301 223

Гордана Ристевска-Димитровска: 071 294 310

More from ВестиMore posts in Вести »