Press "Enter" to skip to content

Општина Битола: проширени контроли во училиштата, градинките и индивидуалните станбени објекти

На одржаниот координативен работен состанок на градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски со директорите на основните и средните училишта во Битола, како и со градинките, се разговараше за состојбите во битолските училишта и градинки.

На терен се изведени и вонредни контроли во изминатиот период, бидејќи сигурноста на децата во овие институции за општина Битола е најважна. Проширените инспекциски надзори опфаќаат проверка на влезовите, ПП апаратите, потребната документација итн.

Од општинскиот инспекторат, преку инспекторот за домување на терен, во координација со станбените сервиси и жителите на зградите, ќе се врши контролирање на ПП апаратите во зградите, нивната исправност и хидрантската мрежа. Од управителите на зградите и станбените сервиси, ќе биде побарано да достават информации за тоа дали зградата има хидрантска мрежа, дали хидрантите имаат црева за вода, колку од зградите поседуваат ПП апарати и дали има лица кои што знаат со нив да ракуваат.

Онаму каде што е потребно, општинскиот инспекторат ќе ги задолжи субјектите да постапат согласно законските прописи.

 
More from ВестиMore posts in Вести »