Press "Enter" to skip to content

Општина Битола со два милиони денари помош за семејствата на починатите и за повредените лица

На денешната вонредна седница на Советот на Општина Битола донесе одлука од Буџетот на Општина Битола да издвои два милиони денари, околу 32.000 евра, финансиска помош за семејствата на починатите и за повредените лица во пожарот што се случи во Кочани.

Одлуката беше донесена едногласно, еден милион ќе бидат одвоени за семејствата на починатите, а еден милион ќе бидат наменети за повредените лица во пожарот. 

Членовите на општинскиот совет и градоначалникот Тони Коњановски со минута молчење оддадоа почит на загинатите лица, а потоа посакаа брзо заздравување на повредените кои во моментов се лекуваат во државата и странство.