Press "Enter" to skip to content

Ординација “Чипуровски“: лекарски совети

Врз база на моето 14 годишно работно искуство морам да напишам неколку лекарски совети:

-Падот на железото во крвта без пад на бројот на еритроцити, хемоглобин или хематокрит НЕ Е Анемија или слабокрвност и нема потреба од терапија со железен препарат, а е резултат на некоја инфекција воспаление во организмот,

-Зголемените вредности на CRP Se без зголемени вредности на WBC не е бактериска инфекција а е резултат на реуматски инфламаторни заболувања (SLE, RA, SS) ретко на малигни, секоја настинка грип од вирусно потекло. Не треба да се лекува со антибиотик! Во случај на бактериска инфекција најдобро е да се направи соодветно испитување уринокултура спутум со антибиограм, антибиотикот секогаш оди со пробиотик со цел зачувување на нормална цревна флора.

-Пробиотикот не е лек само за стомачни вирози и дијареја туку е одличен и за хроничен гастритис, хијатус хернија нервозни црева и зголемување на имунитетот кај имуникомпромитирани пациенти (малигнитет, хив, дијабетес итн)

-Дијазепамот е лек анксиолитик за смирување, а не е антиаритмик и не е лек за покачен крвен притисок!

-Лекувањето при значајно зголемување на холестеролот и триглицеридите треба да е со Статин освен во ретки случаи на алергија, фиброза на хепар, рабдомиолиза НЕ со црвен ориз и други суплементи доколку после диетален режим и зголемена физичка активност во тек од 3 месеци сеуште има висок холестерол во серум (најдобро да се испитува HDL,LDL).

-Камчињата во бубрег и жолчно ќесе не се лекуваат со спазмолитици (троспиум) и аналгетици, а се смирува само моментално болката.

-Лекувањето на хипертензија, дијабетес, хиперлипидемија не е привремено а е трајно доживотно, најчести причини за хронична бубрежна слабост се нелекувани дијабетес или хипертензија, хронични упорни уринарни инфекции проксимални.

-Испитување на мочна киселина во серум е битно со цел превенција на гихт и уратна нефролитијаза!

-Хеликобактер пилоти најчестиот предизвикувач на гастритис, чир на желудник и карцином почетно се испитува преку серум присуство на антитела кон него после тројна терапија доколку е позитивен по 6 месеци се испитува антигенот во фецес.

-Контрола на гликемија, контрола на липидниот статус, контрола на крвниот притисок, прекинување на пушење цигари и зголемување на физичка активност со редукција на телесна тежина се основни во спречување на процесот на артериосклероза и настанување на кардиоваскуларни заболувања.