Македонија тагува.
МАКЕДОНИЈА ОБВИЕНА ВО ЦРНИЛА.
Македонија завиена во солзи.
-Со голема тага ја примивме веста за страшната трагедија што се случи во Кочани велат македонците од Сиднеј Австралија. Загубата на толку млади животи е ненадомеслива, а болката на семејствата, на роднините и пријателите е неизмерна. Во овие моменти на длабока тага, нашите мисли се со оние што ги загубија своите најблиски и најсакани, со Македонија и македонскиот благочестив народ кој и овој пат, како и многупати порано бил завиен во црнила, само од нечии самоволија, од алчност и манипулации.Денеска на денот кога се извршуваат погребите на загинатите во страотниот пожар во Кочани кој му го одзеде животот на 59 младинци во сиднејското предградие Рокдајл, беше отслужена панихида за покој на душите, а за повредените молитва за побрзо закрепнување во црквата “Св. Петка“ каде преисуствуваа неколку стотини Македонци.
Црковно општинскиот одбор покрена акција за собирање на финансиска помош за семејствата на загинатите која наскоро ќе биде испратена.
Кире Циревски