На 22.03.2025 во 21.30 часот во СВР Битола било пријавено дека настанал пожар во внатрешноста на малата црква „Света Петка” лоцирана на Булевар„ 1-ви Мај” во Битола. Пожарот бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Битола.
На 22.03.2025 во 10.39 часот во СВР Битола И.Т. (38) од с.Новаци , општина Новаци пријавил дека на депонија Мегленци биле пронајдени три артилериска гранати со калибар 75 мм од Првата светска војна., при што истите од страна пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола биле безбедно подигнати.