Светот се менува со голема брзина и човекот треба да се адаптира на тие промени. Адаптацијата би требало да биде нешто корисно за личноста. Така наречена “мала адаптација“.
Зар не е лошо да се биде неприлагоден?
Емоционалниот проблем на луѓето воглавном се задаптација на нездравите системи во периоди на одрастување. Но се поставува прашањето дали прилагодувањето на нездраво може да биде здраво.
Ако нашeто општество е пореметено, а тоа е, се поставува прашањето: Може ли човек да остане ментално здрав во нездраво, пореметено окружување? Прашање кое е многу тешко. Но, сепак ако го поставите поинаку “има ли воопшто во нашето општество, или во светот ментално здрави личности?
Одговорот би бил позитивен. Како тоа го постигнале тие луѓе? Како успеале да се бидат прилагодени, функционални, во пореметено опкружување? Како можеме да развиеме „имунитет“ во пореметена околина, патогени услови на живот?
Што е заедничко на оние кои успеале да се прилагодат, а да тоа прилагодување не е на штета на нивното ментално здравје?
-Научиле да препознаат манипулација во системите (било да се тоа партнерски односи, семејство, фамилија, институцијата каде работат, социјалната средина, општеството)
-Научиле да разликуваат реалистични барања и она што е потребно за некоја група дз биде функционална, од невротичните барања кои водат кон некоја вид на психолошка експлоатација на другиот.
-Научиле да ги раздвојат чувството на сопствена вредност од исполнувања.
-Научиле да го раздвојат чувството на сопствена вредност од манипулативните барања на другите.
-Научиле дека во пореметениот систем на вредности на системот, не влијае на нив.
-Ако и останале во пореметениот систем, научиле да „ја гледаат својата работа“, и исполнувањето на функционални барања, а избегнуваат вовлекување во манипулации.
-Научиле да бидат самоодржливи, независни или што помалку зависни од пореметените системи, што им дава можност да се заштитат на манипулации.
-Си го организирале својот живот да бидат или се опкружени со независни неманипулативни луѓе.
-Направиле свои системи (семејјство, фирма, работно опкружување) во кој функционираат на здрави основи на взаемност.
-Се оддалечиле, колку што можат од влијанието на нездравите системи. (Некои од нив развиле сопствени приватни бизниси на здрави основи поштена размена со корисниците на нивните услуги и производи).
НЕ ! Не побегнале на пуст остров. Но направиле некои свои острови во морето на безмилоста која и понатаму ги заплискува нивните обали. Се МОЖЕ некако… но тоа навистина бара многу промислување, работа, напор, трппение и вера.