Општина Битола во соработка со СВР Битола почнувајки од 24.03. (понеделник) организира еднонеделна кампања за превентива во сообраќајот.
На сите возила кои ќе бидат затекнати паркирани на пешачки, велосипедски површини но и пристапни рампи за лица со попреченост, ќе им се издаваат писмени предупредувања за сообраќајниот прекршок со кој насилно узурпираат површини кои не им се наменети.
Тротоарите се места на кои треба безедно да се движат нашите најмлади, повозрасните но и оние кои заради некаква телесна попреченост не можат да маневрираат на стеснетиот простор.
Впрочем и секој возач кој го паркирал возилото на тротоар во моментот кога го напуштил возилото и самиот е пешак.
Да ги почитуваме сообраќајните правила со тоа се почитуваме едни со други.
Со почит, ЈППЈЛП Битола