Денес, вторник, 25 март, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претежно облачно и потопло со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен јужен ветер. Максималната температура ќе биде до 20 степени.
Утре, среда, 26 март, во Битола, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен јужен ветер. Максималната температура ќе биде до 16 степени.