Press "Enter" to skip to content

Денес во болница “Плодност“ дојде на свет 200-то бебе за оваа година!

Утрово во болница “Плодност“ во Битола во 9:44 часот, на свет дојде прекрасно машко бебе, тешко 3.390 грама и долго 50 сантиметри.

Д-р Кристинка Пајаковска го водеше породувањето и ја сподели радоста со својата пациентка, мајката на јубилејното 200-то бебе за оваа година.

Тимот на болница “Плодност“ со секое ново раѓање ја слави довербата која ни ја давате.

Продолжуваме со љубов, знаење и грижа за секое ново семејство.