Повредата на левото крило на Еуеорфарм Пелистер од Битола, Петар Атанасијевиќ, поради која го пропушти двомечот на Македонија со Словенија, се чини дека не е наивна, а тоа и го објави клубот, дека тој нема да биде на располагање на тренерот Раул Алонсо во следниот период, но не е прецизирано колку време ќе паузира.
Станува збор за повреда на шутерското рамо, па Атанасијевиќ сигурно ќе го пропушти стартот на плеј-офот во Супер лигата.
Алонсо на левата крилна позиција ги има Цветан Кузманоски и Дејан Манасков, па ќе може да се покрие отсуството на Атанасијевиќ.
Еуеофарм Пелистер денес гостува во Прилеп во последното 22 коло од регуларниот дел на сезоната.