Општина Битола ги повикува сите заинтересирани лица кои сакаат да посетуваат обука и да се стекнат со верификуван сертификат, да аплицираат во периодот од 24.03.2025 до 04.04.2025 година.
Услови за пријавување:
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
-Да се државјани на Република Северна Македонија;
-Да имаат најмалку 18 години;
-Да поседуваат општа психофизичка способност за работа;
-Да имаат завршено минимум средно образование;
-Да бидат мотивирани за работа со лица со тешка и најтешка телесна попреченост, лица со комбинирана попреченост и слепи лица.
Начин на пријавување:
За пријавување, кандидатите треба да достават:
-Барање за учество во обуката;
-Копија од важечки документ за идентификација (лична карта).
Повеќе информации за повикот, достапни се на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/licni-asistenti-za-lica-so…/.