Општина Битола ги повикува сите заинтересирани лица кои сакаат да посетуваат обука и да се стекнат со верификуван сертификат, да аплицираат во периодот од 24.03.2025 до 04.04.2025 година.
Услови за пријавување:
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
∙ Да се државјани на Република Северна Македонија;
∙ Да имаат најмалку 18 години;
∙ Да поседуваат општа психофизичка способност за работа;
∙ Да имаат завршено минимум основно образование;
∙ Да бидат мотивирани за работа со стари и немоќни лица.
Начин на пријавување:
За пријавување, кандидатите треба да достават:
∙ Барање за учество во обуката;
∙ Копија од важечки документ за идентификација (лична карта).
Повеќе информации за јавниот повик можете да прочитате на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/obuka-na-neguvateli/.а