Press "Enter" to skip to content

Кадетите на Еурофарм Пелистер му “дадоа“ 51 гол на врсниците на Вардар (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – Вардар 51:25 (кадети)

Вечерва во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола публиката можеше да види потполна доминација во текот на целиот натпревар за момците на Еурофарм Пелистер против врсниците на Вардар, во кој победија со висока разлика и резултат 51:25.Оваа победа на кадетите на Еурофарм Пелистер е 14 -та победа од 14 натпревари за продолжување на 100% учинок во кадетскиот шампионат на Македонија, предводени од тренерите Кире Митревски и Фарук Мемиќ.Кадетите на Пелистер не му да дадоа никаква шанса на “вардарци“ играа мотивирано, концентритано, со малку технички грешки и убави голови.Натпреварот започна со минута молк во чест на прерано згаснатите животи во Кочанската трагедија, со што изразуваме сочуство до семејствата на загинатите, како и желба за брз опоравак на повредените.Сите играчи на Еурофарм Пелистер добија шанса: Фехми Мелин, Трсунов Атанасиј, Мацановски Јован (голмани), Лазаревски Стефан 7, Трсунов Архангел 8, Марковски Владимир 6, Спировски Тео 8, Мијалчев Горазд 3, Атанасовски Горазд 2, Неданоски Петар 2, Ѓоргиевски Стефан 6, Георгиев Андреј 6, Дамчевски Андреј 8, Бошковски Антонио 1 и Симоновски Јован. 

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »