Во средното медицинско училиште “Д-р Јован Калаузи“ во Битола се одржа едукација и работилница на темата “Имедијатна имплантација во фронтална регија“, која ја одржа примариус доцент доктор Данчо Бизевски, специјалист по орална хирургија, и тимот од професори, примариус доцент доктор Жаклина Менчева, доцент доктор Сашо Стојковиќ од МИТ Универзитет – Скопје.Едукацијата опфаќаше практична примена и обука за припрема на пациентот за оперативен зафат, припрема на хирушки тим, како и хируршка работа со животински и фантомски вилици и изведување на протетски, лабораториски и клинички фази.
Овој концепт на едукација наиде на широк интерес кај нашите ученици од lV година, од профилите медицинска сестра и забен техничар, кој воедно претставуваше и една од првите работилници од ваков вид во средните училишта во државата.

Во медицинско одржана работилница на тема “Имедијатна имплантација во фронтална регија“
More from ВестиMore posts in Вести »
- ЈКП “Водовод“ Битола: поради дефект без вода улиците “Романија“, “Стерјовски Ѓорѓи Џоџа“ и “4- ти Јули“
- Ристевски и Алтипармаковски: ќе се бориме за тру бода пред нашата публика во Битола
- Во Битола променливо облачно и нестабилно, температурата до 14 степени
- Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ од Битола на средби со граѓаните
- Подобрени условите за работа и подобрување на опременоста на СОТУ “Ѓорѓи Наумов“ Битола