Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер во плеј-офот ќе пренесе 3 бода, Вардар и Алкалоид по 2 бода

Со одигрување на последниот натпревар од Супер ракометната лига на Македонија се комплетира табелата и е познато која екипа, колку бода ќе пренесе во разигрувањето, односно во плеј-офот каде ќе се донесе одлуката кој ќе биде новиот шампион на Македонија.

Во плеј-офот со најмногу бода, вкупно три, влегува екипата на Еурофарм Пелистер, и со најмногу теоретски шанси да биде промовиран за старо – нов шампион.

На конечната табела трите водечки тима имат по 40 бода, односо 20 победи и по 2 порази, а Еурофарм Пелистер е водечки поради најдобра гол разлика.

Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер е најдобар во триото со Вардар и Алкалоид по 22. коло. Двете екипи во плеј-офот ќе пренесат по 2 бода. Охрид и Тиквеш ќе имаат по1, а Бутел нема да пренесе ни бод.

Утре ќе биде познат распоредот на натпреварите во плеј-офот и плеј-аут. Првото коло е на програмата следната среда на 2 април.

More from ВестиMore posts in Вести »