Денес екипата на Еурофарм Пелистер од Битола го официјализира првото засилување за сезоната 2025/26, а тоа ќе биде полскиот десен бек Анџеј Видовски.
Овој 22-годишен полски интернационалец потпиша две годишен договор со шампионот од Битола и ќе му се стави на располагање на новиот клуб од стартот на подготовките во јули 2025 година.
Се работи за ракометар кој доаѓа во Македонија од Гвардиа Ополе во полската Суперлига. Видовски е висок 186 сантиметри, настапува за полската репрезентација и му се претскажува блескава иднина.
Видовски ќе биде официјално претставен на почетокот на подготовките за сезоната 2025/26.
На оваа позиција битолчани го имаат Усама Хосни, кој вчера го продолжи договорот на уште една сезона.