Press "Enter" to skip to content

Мултимедијална промоција на книгата “Елисиски ехо: Поезијата на меморијата на слободата“ од Игор Трајковски Фоја (фотогалерија)

Во Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола се одржа современа мултимедијална промоција на книгата „Елисиски ехо: Поезијата на меморијата на слободата“ од Игор Трајковски Фоја.Настанот понуди уникатен спој на поезија, визуелна уметност и музика, создавајќи интерактивно искуство за сите присутни и беше дел од одбележувањето на 80-годишнината на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, уште една потврда за значајната улога на библиотеките како чувари на културното наследство.Промотери на книгата беа: м-р Емилија Стефановска-Давкова, директорка на НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола, Гордана Такец, Владо Ѓорески со музичка изведба на Славко Спировски Слав.Еден од највпечатливите елементи на вечерта беше инсталацијата – тепих со испишана поезија, по кој посетителите можеа да зачекорат. Газејќи по симболичната порака: „Ако секојдневно можеме да го газиме сопствениот збор, денес слободно газете по мојот“. Овој концепт ја потенцираше вредноста на зборот, неговата ранливост и силата што ја носи во различни форми.Настанот започна со воведно излагање на Емилија Стефановска Дафкова, директорка на библиотеката и преведувач на англиски јазик за двојазичното издание. Таа зборуваше за важноста на поезијата како глас на слободата и значењето на оваа книга во современиот контекст.Публиката потоа имаше можност да проследи проекција на краткото поетско видео „Бродови и маслинки“, кое претставуваше визуелно-поетски приказ на еден од клучните мотиви во книгата.Следеше осврт на Владимир Ѓорески, кој ја анализираше интеракцијата помеѓу графичкиот и поетскиот израз на авторот, истакнувајќи ја синергијата помеѓу визуелната уметност и поетската мисла. Во продолжение, Славчо Спировски – Слав со својот музички настап на поезија од Димитар Д. Такец го врати духот на минатото, поврзувајќи го со 80-годишниот јубилеј на библиотеката.Гордана Такац даде анализа на авторскиот стил и значењето на оваа збирка во современата македонска поезија, правејќи паралела со литературното наследство на нејзиното семејство.Настанот заврши со излагањето на самиот автор, Игор Трајковски Фоја, кој зборуваше за процесот на создавање на книгата, инспирацијата и пораката што ја носи. Тој објасни дека видеото „Бродови и маслинки“  било неговото прво аудиовизуелно поетско дело, споделено на реномираната светска платформа за поезија Верополис во рамките на меѓународниот поетски саем минатиот март.-Пред десетина дена, електронската верзија на книгата имаше своја светска премиера на истата платформа, а вчера во Битола се случи и официјалната промоција на печатеното издание, рече Трајковски.Авторот нагласи дека неговите искуства во глобалниот свет покажуваат дека не сме изолирани од глобалните случувања и дека светот се соочува со многу предизвици. Се осврна и на неодамнешните трагични настани во земјата, потенцирајќи ја важноста на сплотеноста и посветеноста во секоја област на делување.Фоја и се заблагодари на Емилија Стефановска Дафкова за тоа што ја препознала вредноста на неговата книга и ја вклучила во програмата за одбележување на 80-годишнината на библиотеката. Посебна благодарност упати до неговиот ментор во магијата на графиката, Ценетитот Рафик Зопшто, благодарение на кого неговите графички дела пропатувале низ светот. Тој исто така ја истакна важноста на Славчо Спировски – Слав, кој со поезијата на Такец го донесе духот на овој голем битолчанец меѓу присутните. За Гордана Такац рече дека не е потребно ништо повеќе да се каже освен дека без неа, ниту тој не би бил таму каде што е денес.На крај, авторот им се заблагодари на своето семејство, без чија поддршка и инспирација ова дело немаше да има толкава смисла.Како редакција можеме да заклучиме дека ова беше една невообичаена промоција која ја крена летвичката за културно-уметничките настани од ваков карактер, правејќи ја Битола културен центар што пулсира на ниво на светските метрополи.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »