Press "Enter" to skip to content

Дербито Пелистер – Вардар со хуманитарен каректер, нема да важат сезонските влезници

Продажбата на билети за натпреварот во Битола бота веќе е започната на локациите на “Димпо Тобако“ во Битола. Поради зголемена заинтересираност за натпреварот, и пред се поради тоа што средтсвата од билетите од овој натпревар ќе бидат донирани кон семејствата на жртвите од трагедијата во Кочани, секој (вклучувајќи жени и деца) ќе мора да поседува и да си купи билет.

За овој натпревар нема да важат ниту сезонските билети (поради веќе горе наведеното), а ВИП билетите ќе важат само за користење на делот во ВИП ложата со исто така купен билет за овој натпревар.

ФК Пелистер апелира, утре, сабота, 29 март 2025 година, сите гледачи да дојдат на стадионот порано, со веќе обезбедени билети. Во спротивно клубот не може да гарантира навремен влез на стадионот. Вратите на стадионот се затвораат во 14:30 часот, половина час пред почетокот на дуелот.

Упатен е и апел натпреварот да помине мирно, без извици и пароли на национализам, расизам, и пред се да помине без било какви непотребни и недолични извикувања и однесување поради веќе настанатата трагедија и почит кон жртвите и повредените од трагичниот настан.

Внесување на тврди предмети (запалки, лименки, шишиња, алкохол, оружје итн.) е строго забрането.

Забранет е влез на паркинг со автомобили од страната на тениските игралишта.

 На денот на натпреварот распределени и отворени сектори за влез ќе бидат:

Сектори 4,5,6,7,8 – ќе бидат отворени за сите.
Сектор 9 – само за навивачка група Чекмбари.

ВАЖНО:

Картите да се купуваат стриктно од “Димпо Тобако“ со цел да се избегнат малверзации и други слични непријатности.

More from ВестиMore posts in Вести »