Со свечена седница која започна со едноминутно молчење за трагично загинатите во пожарот во Кочани денеска се одбележаa 29 години успешнo постоење и функционирање на Општина Новаци.Градоначалникот и Советот на Општина Новаци доделија еднократна парична помош за настраданите во износ од 300.000 денари.
Оваа година Денот на Општина Новаци се одбележа со скромни активности меѓу кои полагање на цвеќе на гробот на Пеце Матичевски, кој загина во конфликтот во 2001 година.
Потоа градоначалникот и претставници на Општина положија на цвеќе пред бистата на Славко Лумбарковски во основното училиште во Новаци, чиј патронен празник исто така се празнува денес, рецитал, историски час, ликовна изложба и доделување на благодарници на учениците за најдобри достигнувања.

Општина Новаци одбележа 29 години постоење
More from ВестиMore posts in Вести »
- Фудбалската федерација на Македонија со одговор на реакцијата на ФК Пелистер
- Свечена академија за големиот јубилеј 80 години Универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ во Битола (фотогалерија)
- Кадетите на Еурофарм Пелистер поразени од Охрид во Битола (фотогалерија)
- Соопштение на ФК Пелистер: судиските грешките на двата последни натпревари директно влијаат на резултатот, бараме изедначени критериуми
- Деновиве пред 10 години: премиерот Никола Груевски на голем собир во Битола по скандалот со прислушувањето (фото)