Денес во просториите каде се наоѓаат канцелариите на битолските пратеници од ВМРО-ДПМНЕ од Битола имаше средби со граѓаните.
Олга Лозановски, Силвана Ангелевска и Пеце Милевски остварија повеќе индивидуални контакти со граѓани во отворената канцеларија, а посебно ја издвоија средба со Здружението на воени инвалиди и ветерани “Братство 2001“.-Покрај подобрувањето на квалитетот на животот на овие луѓе кои во 2001 година беа дел од безбедносните единици во Македонија, најголемата наша заложба ќе биде насочена во поддршка за неселективно почитување на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили и членовите на нивните семејства. Остануваме еднакво посветени на сите граѓани, порачаа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.