Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: битолчанка измамила управител од Скопје, апсења за дрога и по потерница, физички напади, пронајдена стара граната

На 27.03.2025 во 12.00 часот во СВР Битола, 51 – годишник од Скопје, управител на правно лице од Скопје, пријавил дека во јануари 2025 година бил измамен од едно женско лице за сума од 288.014 денари. Според пријавеното, лицето му се јавило и се претставило како одговорно лице на Здружение на коњички спортови, при што се договориле и и испорачал 100 тони хидратна вар, но до пријавувањето не му ги исплатила парите. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 27.03.2025 во 14.10 часот на ул. „Илинденска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 45 годишно лице од Битола затоа што кај него била пронајдена грутчеста материја. По документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 27.03.2025 во 17.30 часот во СВР Битола, 59 годишно лице од Битола пријавил дека во канцеларија на приватна фирма во Битола, поради должничко – доверителски спор, бил физички нападнат. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 27.03.2025 во 18.30 часот во СВР Битола, В.Б. (52) од Битола пријавила дека во нотарска канцеларија била физички нападната од вработен во канцеларијата. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 27.03.2025 во 14.15 часот во СВР Битола било пријавено дека во дворно место во с. Крклино, битолско, била пронајдена граната. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола безбедно ја подигна гранатата и било констатирано дека се работи за артилериска граната со калибар  105 мм од Првата светска војна.

На 26.03.2025 во 08.00 часот во индустриска зона Жабени, битолско, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 25 годишник од Битола, кој бил баран по централна потерница, врз основа на судска наредба за издржување затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Битола за издржување на казната.

 
 
More from ВестиMore posts in Вести »