-Мирисот на свежо мелено кафе, пријатната средина и бариста насмевките на вработените во “Mikel Coffee“ кои се ветување за добар ден и уште подобро утре од денес и во Битола, нова кафетерија во “BLISS Mall & Retail Park“.
Денес на третиот кат во “BLISS Mall & Retail Park“ свечено беше отворена кафетеријата на познатиот грчки ланец “Mikel Coffee“, што веднаш предизвика голем интерес кај битолчани, кои сега не ќе мораат да патуваат до Лерин за да го вкусат нивното омилено кафе.
-Во Микел, ние се стремиме да обезбедиме производи и услуги со највисок квалитет и спецификации. Ние сме постојано во потрага по нови партнери, кои се вклопуваат во нашата филозофија, со желба и страст да се шири навика за добро кафе во секој агол на светот!, е позната девиза на “Mikel Coffee“, кои се одлучија нов партнер да имаат и во Битола.
Во Битола, во “BLISS Mall & Retail Park“ кафетеријата нуди и одлично уреден ентериер по светски стандарди и несекојдневен поглед, низ стаклените ѕидови.
Инаку, “Mikel Coffee“ е грчка компанија, со патување кое започна во 2008 година од градот Лариса, каде што ја отвори својата прва продавница. Од самиот почеток, “Mikel Coffeе“ стана референтна точка низ цела Грција. Така, луѓе од различни возрасти, култури…, не само што правеле состаноци со кафе, туку и велеле “се гледаме кај “Mikel“.
Сега компанијата “Mikel Coffee“ е присутна на 5 континенти и со 350 продавници во својата мрежа, а “Mikel Coffee“ се појавува како еден од најбрзо растечките концепти до денес.
-Од зрна кафе и вода, до чаша која завршува во рацете на нашите клиенти, ние гарантираме висок квалитет на производите и услугите на “Mikel Coffee“ во секоја фаза од подготовката. Во Микел, со цел да се обезбеди постојан квалитет на нашите производи и услуги, ние го следиме системот ISO 22000, порачуваат од компанијата, во која има систем кој ги одредува барањата кои бизнисите вклучени во индустријата за храна и пијалоци, од производство до потрошувачка, мора да се почитуваат.
“Mikel Coffee“ врши контрола на квалитетот со обемни и редовни инспекции во секоја продавница, следејќи ги прописите за безбедност на храната и хигиената и спроведувајќи континуирана обука на нашиот персонал и со тоа одржуваат високиот квалитет на обезбедените производи и услуги, со почит кон нашите клиенти и нивните очекувања.
“Mikel Coffee“ за кафето кое им го нудат на нивните гости велат:
-Зрната кафе кои ги обработуваме се внимателно одбрани од партнерските плантажи во Бразил, Централна Америка и Африка. Нашата цел е да се осигураме дека само најдобрите зрна ќе стигнат до секоја чаша Микел, со цел да се постигне посакуваната мулти–динамична сорта, мазност и балансиран вкус.
Што се случува кога добрите сорти на арабика од различни делови на светот се обединети со страста и љубовта кон кафето, преку безброј обиди?
-Создадена е навистина уникатна мешавина, со супериорни вкусови од секоја сорта посебно.
Оваа 100% мешавина на арабика е кафе “Mikel“.
Првиот дуќан од ланецот на кафетерии денес беше свечено отворен и осветен во Битола.
Во “Mikel Coffee“ ќе бидете послужени освен со кафе и со колачи, доручек и безалкохолни пијалоци, а љубителите на овој бренд ќе можат од кафетеријата да си купат и колекционерски производи…
Жанета Ристевска
Фото: Дамијана Ристевска






