Press "Enter" to skip to content

Монографија „80 години Народен театар Битола“ – промовирана во НУ Народен Театар Битола (фотогалерија)

-На сцената на НУ Битолски театар  беше промовирана Монографијата „80 години Народен театар Битола“ од авторот д-р. Иван Додовски. 

-Монографијата претствува пишуван документ за историјата на Народниот театар во Битола. Исто така таа е еден вид  кратка историја за растежот на институционалниот театар на македонски јазик во Битола во периодот од 1944 до 2024 година. Пишувана на 310 страници кои живо ги опишуваат и сите одиграни премиери, актери, театарски работници и сите лица кои биле вработени или ангажирани во работата на Народниот театар Битола за целиот период од 80 години постоење.  

Промоцијата се одржа на 29 март пред присутните, гости од различни сфери на општествено политичкиот живот на Битола. Настанот започна со минута молк во знак на почит кон жртвите во големата трагедија која се случи во Кочани, а потоа присутните ги поздрави директорот на НТБ, Васко Мавровски. За монографијата зборуваа промоторите: проф. д-р Мишел Павловски и проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска, претседателка на Македонското научно друштво Битола. Настанот го модерираше актерот Марјан Ѓорѓиевски.  На промоцијата  најпрво се обрати кон присутните гости директорот на НУ Театар Битола Васко Мавровски кој истакна дека оваа монографија претствува едно грандиозно дело Монографијата е богато илустрирано издание што ја бележи историјата на растежот на институционалниот театар на македонски јазик во Битола во периодот од 1944 до 2024година. Оваа публикација е значајно сведоштво за еден растеж и за достигнување на врвни уметнички вредности што станале  неизоставен дел од македонската културна меморија. Од првата претстава „Ѓоре Магаревски“ одиграна на 14 ноември 1944 година, до новата верзија на оваа едночинка во 2024 година, Народниот театар во Битола остварил извонреден подем, издигнувајќи се од мала локална институција во признат ансамбл што со успех гостувал во регионот и во Европа, како и во САД, Австалија и Кина. Како што забележува авторот на монографијата Иван Додовски, во осумте децении постоење, во Битолскиот театар биле поставени вкупно 569 премиери, со вкупно 11.670 изведби, кои ги виделе околу 3,2 милиони гледачи. Сумарно погледнато, околу дваесетпроценти од репертоарот биле дела од најзначајните домашни автори. Исто така, на битолската сцена досега работеле 135 режисери од кои 77 се македонски режисери, а гостувале 58 режисери од Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Русија, Романија, САД и од други земји. Деценијата од 1985 до 1994 година може да се нарече златен период на Народниот театар во Битола. Апсолутен рекорд е поставен во 1992 година кога биле прикажани 226 изведби за 84.645 гледачи.Рецензенти на монографијата се проф.д-р.Сузана Киранџиска и проф.д-р.Мишел Павловски. Уредници Билјана Крајчевска и Оливера Павловиќ, лектор Жаклина Атанасова, а монографијата ја припреми стручниот тим: Стеванка Вељановска, Билјана Вржовска, Сашо Илковски, Марија Козарова, Билјана Крајчевска, Александар Митровски, Филип Ошавков, Оливера Павловиќ, Владимир Переловски. Дизајнот е на Сергеј Светозарев. Фотографиите од архивот на НТБ. Историјата на Народниот театар во Битола е сведоштво за еден растеж и за достигнување на врвни уметнички вредности што станале неизоставен дел од македонската културна меморија. Издавањето на монографијата е помогнато од Министерството за култура на Република Македонија. Фото: Дамијана Ристевска

More from КултураMore posts in Култура »