Пелистер – Еурофарм Пелистер 1:3 (1:1)
Денес во Битола се отвори 25. коло од Првата фудбалска лига помеѓу екипите на Пелистер и Вардар. Вардар ги однесе бодовите од Битола по конечниот резултат од 1:3, полувреме 1:1.Натпреварот имаше хуманитарен каректер, а започна со минута молк за загинатите од Кочани.
Осумдесеттото дерби во историјата ќе се памети и по судењето на Фуркан Идризи, посебно протести имаше за пеналот пред израмнувачкиот погодок.
Натпреварот започна со посилно темпо на домашните фудбалери, “пелистерци“ делуваа поопасно во офанзивата. Вилдан Керим во 11. минута доби одлична топка на десет метри од голот на Давор Талески, направи еден дриблинг и без проблем биеше во долниот лев агол, а тоа беше водство од 1:0. Тоа донесе и радоста на трибините, а натпреварот продолжи во иницијатива на Пелистер.
“Вардарци“ се соземаа, бргу трнаа во напад и создадоа две добри шанси. Во 20. минута беше пенал0т кој ќе донесе уште коментри, а погоди Горан Закариќ за 1:1. Жестоки беа протестите на домашните играчи кои сметаа дека нема елементиа најстрога казна, но одлуката на судијата Идризи остана на сила, а атмосферата беше наелектризирана и тензична во овие моменти.
Мирко Ивановски ја затресе пречката во 30. минута, но немаше доволно среќа за да го врати водството. Во продолжение Пелистер се уште ја имаше иницијативата, но на одмор се отиде со реми.
Вторите 45 минути започнаа со игра на средината од теренот. Вардар се закани од далечина во 58. минута но немаше гол. Во мирни минути Вардар одигра една пеколен напад во три потези, топката дојде во нозете на нововлезениот Роџерс Мато, кој без никакви проблеми го совлада Јовчевски и донесе водство за скопскиот тим во 75. минута. Мато некоректно се радуваше, предизвика реакции и доби жолт картон.
Пелистер тргна во напад, но Вардар по противнапад, преку Мато, во 82. минута дојде до 1:3.
Пелистер по 25 кола е на седмата позиција на табелата, а во следното коло битолчани ќе гостуваат кај шампионот Струга.
Фото: Сашо Ристевски