Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: малолетници од Битола со компромитирачки материјал принудувале малолетнички на секс, ги пријавила мајка на едната девојка

Двајца малолетници од Битола со закани принудувале врснички полово да ги задоволуваат, бидејќи поседувале компромитирачки материјал за нив. Ова го пријавила 37-годишна битолчанка вчера во МВР

-Вчера, 37-годишна жена од Битола пријавила дека двајца малолетници од Битола во неколку наврати со закана ги принудувале нејзината ќерка и нејзина другарка полово да ги задоволуваат за што поседувале и видео материјал, соопштија од СВР Битола. 

Во консултација со јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот.

More from ВестиMore posts in Вести »