-Пред 10 години во Битола се одржа собирот во спортската сала, тогаш “Младост“ на партијата ВМРО-ДПМНЕ во која беше исполнета до последното место, а дел од симпатизери на партијата, мораа собирот да го следат на видео-бим, на кој зборуваше тогашниот лидер и премиер Никола Груевски, започна со своите сеќавања за пред 10 години, Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Никола груевски на собирот истакна дека скандалот со прислушкувањето е монтажа на тие кои не и сакаат добро на Република Македонија. Тој негираше дека Владата го вршела прислушувањето, односно нелогично е Владата да прислушува, а по се што досега е објавено во јавноста, испаѓа дека Владата наместо да ја прислушува опозицијата се прислушувала самата себе.
Повторувајќи го својот, досега неколку пати повторуван, став дека скандалот со прислушувањето е монтажа на тие кои не и сакаат добро на Македонија.
Груевски во Битола најави низа нови поволности за работодавачите кои ќе вработат невработени лица над 35-годишна возраст, невработени лица од 35 до 50 годишна возраст, коишто 10 години се без работа, како и за оние над 50 години независно, дали биле или не биле вработени во минатото.
-Владата ќе направи напори во наредниот период, откако комисиите за проценка на
штетите ќе ја завршат својата работа, да ги обештети сите земјоделци и граѓани кои претрпеа штети од неодамнешните поплави за 100 отсто, рече Груевски.На крај во своето обраќање до присутните Груевски нагласи дека силата на ВМРО-ДПМНЕ е во народот, и во неговата љубов кон сопствената земја.
На собирот покрај премиерот Груевски зборуваше тогашниот претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола, Зоран Илиевски и пратеникот Антонио Милошоски.

Деновиве пред 10 години: премиерот Никола Груевски на голем собир во Битола по скандалот со прислушувањето (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Победа и пораз на кадетите на Еурофарм Пелистер (фотогалерија)
- Да се потсетиме, како изгледаше црвениот пепих во 2015 година на “Браќа Манаки“ во Битола (необјавени “слики“ – фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: се одржа 36. издание на фестивалот “Браќа Манаки“ во Битола (фото)
- Николче Чкљамовски од Битола по 200-ти пат на Антена со “точак“ – крунисан за “пелистерска лисица“ (фото+видео)
- Денес е Крстовден, Воздвижение на Чесниот крст
More from ВестиMore posts in Вести »
- СДСМ го претстави кандидатот за градоначалник на Битола – Методија Куновски и листата на советници (фотогалерија)
- Илија Димовски јуниорски победник во билјард, Тони Петровски во ветерани
- Двајца ловџии од Битола уловиле две срни, полицијата ги приведе
- СВР Битола: проведување за дрога, малолетничко насилство, со “шевролет“ излетал од патот
- Зајакнување на научно-истражувачките капацитети на УКЛО Битола со значајни резултати (7)