По вчерашниот натпревар во Битола, вечното фудбалски македонско дерби Пелистер – Вардар и во врска со досудениот пенал во корист на Вардар по што беше изедначен резултатот 1:1, денес фудбалскиот клуб Пелистер до јавноста испрати соопшение кое го пренесуваме во целост.
-Почитувани
ФК Пелистер чувствува потреба да се обрати до јавноста по последните несреќни и неадекватни арбитражи на нашите натпревари. Со целосен респект и поддршка за судискиот систем и разбирање дека задачата на судиите без ВАР-системот не е едноставна, апелираме нашиот клуб, кој е култен, традиционален, најгледан сезонава во Првата лига, да биде соодветно третиран.
На последните два натпревари против Шкупи и Вардар сводеци сме на целосно извртен и тендециозен критериум, што е многу полош симптом од една индивидуална грешка, која секому може да му се случи. Но, кога критериумот не е изедначен и кога една грешка се надоврзува на друга, апелираме да биде преиспитан перформансот на одредени судии.
На споменатите натпревари грешките директно влијаат на резултатот, а со тоа и на изгледот на табелата. Со мирен и професионален тон нагласуваме да се изедначат критериумите, да се постават најдобрите судии за најдобрите натпревари и да се остават во мир да ги носат клучните одлуки. Во овој период на сезоната сведоци сме дека тоа и не е баш така.
Спортски поздрав, ФК Пелистер.