Press "Enter" to skip to content

ФК Илинден од Рокдаел, Австралија со одзив и огромно сочуството за трагедијата во Кочани (фото)

Во спортскиот центар “Илинден“ во Рокдаел,  се одржа комеморација за починатите млади души во Кочани и многу повредени што се по болниците на лекување во Македонија и во странство.Во исто време се одржа и фудбалски натпревар помеѓу Илинден и тимот на Блектеон Сити при што Илинден го победи Блектеон со 3:0 за голема радост за ова од повеќе од илјада лубители, но и голема жалост за загубените животи и повредените во Кочани.Претседателот на клубот Илинден, Денис, со треперлив глас и тага во душата ги поздрави присутните изрази големо сочуството за настанот со желба за повредените брзо да закрепнат и ова никогаш повеќе да не се повтори. Со едно минутно молчење и 59 балони беа пуштени во небото да летаат во чест на загинатите во присуство на млади фудбалери.Во исто време имаше и кутија за донации која се полнеше многу набрзо и парите од влезниците за натпреварот ќе бидат донирани за несреќата во Кочани. Имаше многу љубители надвор исто и внатре во салата од сите возрасти од најстари до најмали исто, а имаше и многу жени што малку е невообичаено.Вечерта заврши успешно се собраа доста финансиски средства не само тука и во сите наши цркви и здруженија со еден збор диасфората овде даде многу позитивен одзив за помош на семејствата како и за повредените.

Славица Марчевска

More from ДијаспораMore posts in Дијаспора »