Денес, вторник, 1 април, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен северен ветер. Попладне и во вечерните часови можност за нестабилно во форма на краткотрајно невреме. Температурата во Битола до 13 степени.
Утре, среда, 2 април, во Битола времето ќе бидепПроменливо облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен северен ветер. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд и засилен ветер. Температурата во Битола до 12 степени.