Како и беше најавено денес во 12 часот пред Општина Битола се одржа четвртиот по ред мирен протест на битолчани кои се залагаат за дислокација на Региноналната депонија, односно да не биде во рудникот “Суводол“, во Општина Новаци.
Протестите битолчани ги започнаа на 15 март 2025 година, кога и го одржаа првиот протест, по најавите дека новата регионална депонија ќе се гради за депонирање смет од 18 општини од Југозападниот и Пелагонискиот Регион.
На протестот беше речено дека е формирамо координативно тело, и дека до сега анкетниот лист го пополниле околу 1.000 битолчани.
Инаку, на вонредна седница Советот на Општина Битола усвои заклучок со кој се бара измена на локацијата за регионална депонија.
Нов протест “НЕ ЗА ДЕПОНИЈА“ е закажан вторник во 15 часот, пред зградата на Советот на Општина Битола, за време на одржување на 52. по ред седницата на Советот.