Општина Битола, согласно склучениот договор со изведувачот, од утре започнува со работни активности на улицата “11 Март“, каде ќе се врши комплетна реконструкција на водоводната, канализационата мрежа и коловозот.
Во периодот додека траат градежните работи, сообраќајот на оваа улица ќе се одвива согласно одобрениот времен режим на сообраќај.






