Press "Enter" to skip to content

Петти протест за дислокација на регионалната депонија, во Советот со мали транпаренти, изјаснување преку рефендум за депонијата (фото)

Како и беше најавено денес во 15 часот пред Општина Битола, за време додека се одржува седница на Советот на Општина Битола  се одржа петтиот по ред мирен протест на битолчани кои се залагаат за дислокација на Региноналната депонија, односно да не биде во рудникот “Суводол“, во Општина Новаци.Додека започнуваше протестот пред Општината петмина битолчани кои протестираат против депонија во Пелагонија, придружувани од полицијата мирно седнаa во публиката со мали транспаренти “Стоп за депонија“, на седница на Советот  додека се расправаше за завршните сметки на јавните претпријатија и програмите за работа.На транспарентите на присутните пишуваше: “Советници свестете се – се работи за Битола, “Депонија = геноцид“, “Сакаме чиста Битола“, “Вашата алчност – Наша болест“, “Богати со пари, сиромашни со совест“…Останатите граѓани останаа да протестираат пред зградата на Општина Битола со единствена порака дислокација на центарот за управување со отпад најавен со локација во општина Новаци. На протестот беше речено дека околу 1.000 анкетни листови, кои за жал не можат да се искрористат, им даваат надеж дека може да се соберат повеќе од 8.000 потписи, а потоа и да се спроведе рефенедум на битолчани за изградба на депонија.Беше и речени дека “за да не се блокираме сами“ и проради блокадата на сообраќајот во центарот на Битола, протестите ќе се одржуваат во иднина на плоштадот “Магнолија“, а о таму ќе се испраѓаат пораките до Власта, локална и централна.Протестите битолчани ги започнаа на 15 март 2025 година, кога и го одржаа првиот протест, по најавите дека  новата регионална депонија ќе се гради за депонирање смет од 18 општини од Југозападниот и Пелагонискиот Регион.Инаку, на вонредна седница Советот на Општина Битола усвои заклучок со кој се бара измена на локацијата за регионална депонија.

Текст и фото: С. Ристевски