Две едници на УКЛО од Битола Техничкиот факултет и Факултетот за информатички и комуникациски технологии од Битола, организираат академскиот настан, предавање од професорот Андреас Спаниас, (Fulbriht истражувач, IEEE fellow и IEEE Distinguished lecturer) член на реномираниот SenSIP истражувачки центар при Arizona State University.
Гостинот предавач, професорот Спаниас, ќе одржи предавање на тема „Класичната и квантната вештачка интелигенција и нејзината примена во соларната енергија“.
Предавањето нуди уникатна академска перспектива посветена на современите пристапи во примената на вештачката интелигенција, како во класичните така и во квантните системи и нивната потенцијална улога во енергетската индустрија, со фокус на соларната енергија.
Со ова предавање, присутните ќе имаат можност да се запознаат со иновациите кои го обликуваат развојот на оваа динамична и интердисциплинарна област.
Актуелниот стручен настан ќе се одржи на 14 април 2025, во 15.00 ч. на Техничкиот факултет – Битола.