-По одлично организираните пролетни саеми на “Ангромаркет“, на кој производите се продаваат по дисконтни цени цени кој ги нудат самите компании, а голем дел и организаторот, вчера и денес се одржува 4. по ред на барање на купувачите.
-Покрај компаниите кои беа до сега новина на овој саем се штандот на “Агнеса“ и програмата “Bosch“.
Вчера и денес на платото на “Ангромаркет – Лозар “ отворен е 4. по ред пролетен саем на “Ангромаркет“, на кој производите кои се продаваат со намалени цени кој ги нудат самите компании.
“Ангромаркет“ и компаниите се одлучија на нивните купувачи да им понудат несекојдневен начин на продажба, каде ќе можат да набават производи со големи попусти, за што комерцијалниот директор на “Ангромаркет“, Билјана Лазаревска, за овој нов начин на продажба во оваа компанија вели:
-Ние сме добро позната компанија во Битола и пошироко, а ова што се случува вчера и денес не е за прв пат во нашето 25 годишно постоење, а не е ни, но е специјално подготвено за нашите купувачи по 4. пат го реализираве. Добро познато фирми и брендови се заедно со нас, а како гледаме вчера на првиот ден беше примамливо за нашите купувачи, а денес очекуваме, бидејќи е неработен ден да биде повеќе посетено. “Ангромаркет“ е компанија која во изминатите 25 години е позната по тоа што продава производи по одлични цени и има широк асортиман на производи, а тоа го докажува и на годинашниот пролетен саем.
Битолчани и жителите од околните места можат да набават рачен и електричен алат, градинарски производи, производи за уредување на градините, тенди, маси, столици, телевизори и бела техника и други производи кои се продаваат со попуст, заедно со компаниите кои продаваат производи во нивните супер маркети и други компании.
-Некои брендови се со нас уште од првиот пролетен пазар во 2019 година со свои продажни места, а тука се компаниите “Синпекс“ со брендовите “Emtot“, “Lavor“ и “Agrina“ и супер понуда на домашни и куќни ваги и ножеви, “Wurth“ со “Фарм“ програмата, “Home ideja“, тик е “Max plus“ програмата на косилки и градинарски производи, а оваа година ги имаме и “Агнеса“ со програмата “Bosch“ и дел на сијалици и столни ламби. Тука е “Нептин“ е со новата програма на телевизори и бела техника. Секако тука е нашиот голем штанд со нишалки, маси и столици, скари, осносно со односно со “се за градина“, а имаме и убави цветни аражмани, додава Лазаревска.
За овој нов начин на продажба, од “Ангромаркет“ велат дека е предизвик да се организира секоја година, иако веќе го имаат реализирано бидејќи бара посебен ангажман и подготовки, а нивниот вреден тим тоа успешно го реализира.
-“Ангромаркет“ и компаниите се одлучија на нивните купувачи да им понудат нов начин на продажба, каде ќе можат да набават производи со големи попусти, а продажбата е на отворено на платото пред ресторанот.
-Не радува што “Ангромаркет“ се одлучи и оваа година да организира ваков саем, на кој можеме да се претставиме како компании, а на купувачите да им понудиме стока по дисконтни цени. Одличен простор за продажба, одлична организација, добра продажба, тоа е се што може да се посака на ваков убав викенд, истакнуваат комерцијалистите од повеќе компании.
Александар од Горно Оризари, како ни рече е редовен муштерија во “Ангромаркет“, а за пролетните саеми на “Ангромаркет“ вели:
-Јас сум “во години“ и веќе не се грижам за дворот кој има голема површина пред куќата. Но, сум мерак дворот да убаво среден и затоа се одлучив да го подновам летниот надворешен намештај. Купив некои работи кои ни недостигаа за комплетно уживање под сенка, а нов производ е скарата која мислам дека сите ќе се израдува за семејните собирање. Ќе има консултации дома, а утре ќе купиме нешто да го доуредиме дворот на радост на сите на децата, но на нас повозрасните.
За пролетниот саем да биде комплетен организаторите се потрудија да има и храна и дегустација на своите производи. За купувачите и посетителите ресторанот и летната бавча се целосно ставени во функција на гостите на саемот.
Текст и фото: Сашо Ристевски






