Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: дијагностицирање на срцеви аритмии

Од д-р Васил Чипуровски добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање. За истите постои голема заинтересираност. Овој пат  Д-р Васил Чипуровски зборуваше за срцевиот ритам и за срцевите аритмии, за што вели:.

-Нормалниот срцев ритам се создава во синусниот јазол потоа се спроведува кон АВ јазол па кон лева и десна комора по Хисовиот сноп. Срцевите аритмии ги дефинираме како пречки во создавањето и спроведувањето на срцевите импулси што доведува до забрзување или забавување на срцева фреквенција и ирегуларност на ритам, кои се дијагностицираат на следниот начин:

-Стандардното амбулантско ЕКГ или Холтер ЕКГ служи во поставување на дијагнозата, а понекогаш е потребно и инвазивно електрофизиолошко испитување во поставување на дијагнозата и спроведување на инвазивни терапевтски интервенции.

За тоа како настануваат срцевите аритмии д-р Чипуровски вели:

-Постојат два механизми во настанувањето на аритмиите првиот е нарушување во создавањето на импулсот а вториот е нарушување во импулсното спроведување!!! Најчести болести кои предизвикуваат аритмии се кардиомиопатии, ИБС, валвуларни заболувања, болести на синусниот јазол и А.В нодулус, тиреотоксикоза, белодробни заболувања како астма и ХОББ и хипокалиемија итн.

Постојат четири групи на антиаритмици првата во која припаѓаат quinidin, lidocaine, flecainid, propafenon најчесто применувани при вентрикуларни тахикардии, атријален флатер и фибрилација, втората група се “B“ блокаторите почесто применувани кај КАБ, срцевата слабост и SVT atenololot, nebivololot, bisoprololot, metoprololot, третата група на антиаритмици ја сочинуваат sotololot i amiodaronot кои се применуваат при вентрикуларни тахикардии, Af, AFF и четвртата група претставуваат блокатори на калциумови канали и тоа verapamilot i diltiazemot најчесто применувани кај суправентрикуларните тахиаритмии особено кај случаи на кардиомиопатии.

ПРОАРИТМИЈА претставува создавање на нова или влошување на постоечката аритмија од примена на даден антиаритмик!

More from СоветиMore posts in Совети »