Во чест на верскиот празник Цветници кој ја навестува цветната недела и деновите кога Исус Христос влегува во Ерусалим која се нарекува „Цветна недела“ заради тоа што учениците и други кои го обожуваат го дочекуваат и постилаат цвеќиња и врбини гранчиња онаму каде поминува Исус.
На овој голем христијански празник пред Велигден според верските обичаи може да се јаде риба и за оние кои постат.
За одбележување и во чест на овој празник хотел „Молика “ организира вистинско гурманско доживување со ново мени за своите гости кои денес го посетија овој хотел, а ги имаше многу. Специјално мени со посна храна, свежа риба, морски специјалитети, подготвена совршено од мајсторите на кујната во хотел „Молика“.
Во пријатна атмосфера како што и доликува со риба и вино денес гостите во хотел „Молика“ уживаа во христијанскиот празник Цветници.
За идејата на овој гурмански ден поразговаравме со управителот на хотел “Молика“, Горан Исков кој кажа:
-Повод за овој гурмански настан е да го одбележиме како што доликува христијанскиот празник „Цветници“ и гледам дека не згрешивме. Настанот предизвика голем интерес и денес нашиот ресторан е полни со гости кои уживаат во вкусно мени со посна храна, различни видови рина и морски специјалитети. На овој начин го презентитаме и новото мени. Во соработка со добавувачите од нашите четири винарии “Стоби“, “Тиквеш“, “Бовин“ и „Далвина“ денес ќе има дегустација на вина кои одговараат со подготвените специјалитети од риба и морска храна. Тие се подготвени од врвните кувари мајстори во нашата кујна тоа и слободно ќе го нагласам.
-По традиција подготвени ги дочекуваме Велигденските празници. Нашите сместувачки капацитетите се исполнети целосно. Имаме подготвено гурмански менија со храна која одговара пред и за време на големиот празник Велигден. Ние сме подготвени за нашите гости и да им излеземе во пресрет со се што ќе посакаат, посни јадења, риба за време на постите. Потоа за Велигденските празници тука е јагнешко печење, и сите други вообичаени специјалитети во нашиот хотел.
Претставник на презентацијата на вината „Далвина“, Слободан ни рече:
-Само што почнува настанот и пристигнуваат гостите, ние сме тука од „Далвина“ за да им понудиме на гостите дегистација од нашите вина, а оние кои сакаат может и да си купат. Со морскта храна и специјалитети одговараат белите вина, кои ќе им ги понудиме на гостите. Тоа се “Шардоне“,„Совињон Бланк “, „Жупљанка“, „Ризлинг“, „Темјаника“и „Розе Сирах“. Многу пати сме имале вакви настани, и треба да ги има и почесто бидејќи со нив се шири винската култура и хедонизмот.
Кире Атанасов регионален менаџер од винарија „Бовин“ вели:
-Денешната презентација е еден убав настан со убава добра намера и гурманско уживање и трпеза како што доликува на овој голем празник Цветници со посна хтрана, риба, морски специјалитетин Ние винариите да им излезиме во пресрет дел од нашиот асортиман кои одговараат со понудената храна да ги дегустираат гостите. Ги донесовме и најпознатите вина од нашата винарија „Бовин“. Тука се сортните вина „Совињон“ суво бело вино со лесно тело, потоа „Симфонија“, „Шардоне“ и „Шардоне Платинум“.
Горан Крстески вработен во винарија „Тиквеш“ бизнис девелопер за регион Битола, за нивното претставување во хотел “Молика“ рече:
-Повод за денешниот настан во хотел „Молика“ е да се направи еден прекрасен спој на храна и вино. Тука е презентација на новото мени на морски специјалитети на хотел „Молика “ и изложба на нашите вина од нашата винарија „Тиквеш“ и другите претставници на добавувачите на вина, и тоа вина кои одговараат со вкусот на храна од новото мени. За оваа прилика ние од винаријата „Тиквеш“ ќе ги понудиме на гостите вината: „Луда Мара бело куве“, „Бабуна бело“, „Розе Барово“ и „Барово Севињон бланк“ сите овие со компактабилно
спарени вина со вкусната храна од менито на хотел „Молика“.






