Press "Enter" to skip to content

Лина Продановска: со изложба “Монохроматска изопаченост“ – без боја, без филтер само вистината на формата и светлината

-Црното и белото не се само отсутност на боја, туку простор меѓу светлината и сенката, место каде што формата се ослободува од колоритните ограничувања и добива нова димензија, рече матурантката Лина Продановска на отворањето на изложбата насловена “Монохроматска изопаченост“, во Магазата во Битола.

Лина Продановска ученишка во Гимназијата “Јосип Броз Тито“,  со својата серија слики ја претстави својата  проектна задача за матурски испит. Изложбата „Монохроматска изопаченост” беше поставена во Магазата Битола каде со својот ментор Лина Продановска пред комисија ја одбрани својата матуркса задача. На изложбата присуствуваа и нејзини гости. За изложбата, инспирацијата и мотивацијата за темата  поразговаравме со Лина Продановска.“Монохроматска изопаченост” не е само визуелна изложба – тоа е искуство. Искривените фигури, нивната скаменета металност, нивната двосмисленост меѓу човекот и апстракцијата – сето тоа создава чувство на чудење, на непрекинато барање одговори. Во овие урамени листови хартија сакав да го преточам сето она што ме фасцинира, длабоки тонови, остри цртни, истакнати агли во органски форми, нешто веќе познато, но некако чудно изопачено, додаде Лина.За ицпирацијата на серијата слики …

-Инспирацијата за оваа серија цртежи произлезе од бронзените скулптури – нивната мазна, рефлективна површина која го доловува секој отсјај на светлината, нивната вонземска, апстрахирана форма која во себе содржи и движење и неподвижност. Но, овие фигури не се само бронза. Тие се течен метал што се прелева низ границите на реалноста и надреалното. Во нивните изопачени контури се крие игра на сенки, каде што човечкото тело се трансформира, издолжува, извива и исчезнува самото во себе.Мотивација за темата и твоите  слики…

Скршен лик е првото дело на оваа серија. Се започна од него…асиметричната линија на черепот е инспирација од мојот врвен идол Салвадор Дали магионичар на суреализмот, но тука постојат и благи детали од минималистичките цртежи и форми на Хари Матис и нормално длабокиот контраст на црнто и белото кој е мој личен белег. Оваа слика беше нацртана пред повеќе од една година и стоеше урамена во мојата соба, кога еден ден решив дека таа ќе биде темел на приказната на “Монохроматската изопаченост”. Со цел овој серијал да заврши од местото кое што почна, старата скица нацртана на А5 формат беше последно нацртано и соодветно урамено дело во мојата колекција.За некои дела бев инспирирана од скултура на уметникот Марио Буркле чии дела оставија длабок впечаток на моето уметничко изразување. Техниките што ги користи, како и материјалите кои му овозможуваат да игра со концепти на контраст и просторно перцепирање, беа темел за моето истражување на минимализмот и изопаченоста на формата. На пример, неговата способност да ги преобрази едноставноста и елеганцијата на женското тело во сложена преовеличена верзија на огранска форма, ме поттикна да го применам истиот пристап во моите цртежи. Како што Буркле ги совпаѓа тежината и празнината во своите скулптури, така и јас се обидувам да манипулирам со линиите, сенките и контрастите во моите графики.Необичната форма е она што ме инспирирање за делото „Гледачот“ . Мирот и спокојот на еден човек, погледот во очите иако тоа е само еден обичен круг. Низ призмата на овој лик сакав да се обидам да пренесам чувство на гледачот, будејќи емпатија иако неговиот првобитен впечаток не буди човечки лик. Но, некогаш сенките зборуваат и повеќе од доволно.За крај додаде

-Со оваа серија, сакав да покажам дека монохроматскиот свет не е ограничен – тој е бесконечен простор на можности, место каде што светлината не само што дефинира форми, туку и создава нови.

Пред Лина Продановска исто така стојат бесконечен простор на можности, бидејќи со своите 19 години и понатаму таа ќе твори во тој простор каде што светлината создава бесктрајно многу форми и слики. И посакуваме уште многу самостојно изложби.

Текст и фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »