Press "Enter" to skip to content

Од Рокдаел, Австралија испратени 44 илјади долари во црквата “Св. Георгиј“ во Кочани за настраданите и повредените во трагедијата

Во неделата на празникот “Цветници“ или „Влегувањето на Г. Исус Христос во Ерусалим“, парохискиот свештеник, Владо Недески, на крајот од Богослужбата во своето обраќање кон верниците информира дека во понеделникот, на 7 април, ова 2025 лето господово, токму на празникот Благовештение биле испратени собраните финансиски средства за трагично настраданите во Кочани.

Донациите беа испратени во храмот “Свети Великомаченик Георгиј“ во Кочани од каде ќе се прераспоредат на семејствата на настраданите.

-Голема благодарност до сите донатори од кои беа собрани $34.360, и $10.000 донација од црквата “Света Петка“ вкупно беа испратени $44.360 долари. Бог по молитвите на Пресвета Богородица да ги укрепи сите семејства кои беа погодени со оваа трагедија, рече Отец Недески, на службата во “Св. Петка“ во Рокдаел, Сиднеј.Инаку, црквата “Св. Петка“ во Рокдајл, Сиднеј, Австралија, владиката г. Петар 7 години ја држеше без свештеник, и повеќе од дваесет години ја влечеше по судските палати на Сиднеј и Канбера, со цел да го приграби имотот од верниците – народот.

Кире Циревски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from ДијаспораMore posts in Дијаспора »