Денес од 19 часот одбојкарките на Пелистер Волеј го играат последниот натпревар од оваа сезона во салата на Медицинско училиште во Битола. Одбојкарките вечерва играат против екипата на Бами Кор и ќе слават влез во Прва Државна Лига.
-Почитувана публико, ве очекуваме на последниот натпревар за оваа сезона денес од 19:00 часот во нашиот дом во салата на Медицинско училиште. Девојките заслужуваат полна сала и го заслужуваат последниот аплауз за оваа сезона. Ова се битолските хероини кои го понесоа теретот и го враќаат Пелистер во суперлигашкото друштво. Време е да се мобилизираме и да им оддадеме почит каква ја заслужија. Вечер славиме влез во Прва Државна Лига. Само еден град, само еден клуб .Само Пелистер, само Битола вели тренерот на екипата на Пелистер Волеј Роберт Митковски.

– Долго чекавме на конечниот исход и кога сега веќе се е решено, би сакале пред полни трибини да славиме уште една победа. Минатото коло се опуштивме и победата ја бркавме со пресврт. Нашата обврска е секогаш да одиме на победа. Пелистер во среда ќе слави на домашен терен вели капитенот во екипата Стефани Најдановска.

– Бами Кор е екипа која е третопласирана и ќе се бори во бараж за влез во Првата лига. Пелистер Волеј го реши својот статус и веќе е прволигаш, но кога играат овие две екипи тоа секогаш е дерби дуел. Одиме на нова победа и ќе ја израдуваме публиката во последниот натпревар од сезоната изјави Ивана Белокозовска која е дел од тимот на Пелистер Волеј.