Кариерниот центар на Бизнис академија Смилевски – БАС, Битола ги посети учениците во ОУРЦ „Кочо Рацин“ во Битола каде заедно вапцуваа велигденски јајца.Децата и гостите од БАС создадоа мали уметнички дела, но и големи моменти на радост, топлина и човечка блискост.
-Нашата мисија како образовна институција не завршува во училница. Како општествено одговорна институција, веруваме дека вистинската вредност на знаењето се гледа преку делата – преку подадена рака, топол збор и споделената боја на велигденското јајце, порачаа од Бизнис академија Смилевски.
Од БАС искажаа и голема благодарност до воспитувачите и учениците од ОУРЦ „Кочо Рацин“ што нè примија со толку љубов и порачаа:-Нека Велигден ги обои срцата со добрина на сите.