Press "Enter" to skip to content

Младинците на Еурофарм Пелистер со +8 го победија Киелце и се блиску до Ф4 во Келн (фото)

Еурофарм Пелистер – Киелце 37:29 (22:11) (младинци)

Спортска сала „Динамо Арена“ – Букурешт,гГледачи: 500
Судии: Милис Кармон и Јасмин Диар

Еурофарм Пелистер: Т. Фехми, Ан. Трсунов, Хаџиќ 14, Лозановски 5, Буторац 7, Марковски 2, Л. Ѓорѓиевски 2, С. Ѓорѓиевски 1, Ѓорѓиев 2, Симоновски 2, Лазаревски, Трајчевски, Спировски 1, А. Фехми. Ар. Трсунов, Велевски 1

Седмерци: 7/6, исклучувања: 6 минути

Киелце: Печковиќ 6, Јануш 4, Адриан 4, Виадерни 2, Радек 4, Ткачик 3, Грден 3. Фогиел, Кулеша 1, Моравски, Вишњевски, Осуч 1, Степиен, Јанушек 1, Адријан, Лапот

Седмерци: 4/2, исклучувања: 8 минути.Младинците. Избраниците на Фарук Мемиќ и Кире Митревски се на чекор до голем успех и пласман на „фајнал-фор“ турнирот во Келн во првото издание на младинската Лига на шампионите.Младинците на Еурофарм Пелистер остварија голем успех и го совладаа тимот на Киелце со резултат 29:37 во првиот натпревар од четвртфиналната група во „Динамо Арена“ во Букурешт.Натпреварот мина во знакот на македонскиот претставник, кој уште на паузата имапе водство од 11-22, а во второто полувреме само рутински ја доработи задачата и извојува убедлив триумф.Младиот босански среден бек кој од минатата есен тренира и настапува со сениорскиот тим, а неговото присуство во младинската екипа на Еурофарм Пелистер и тоа како остави трага.Хаџиќ е МВП-кандидат, откако после денешниот натпревар е прогласен за најдобар ракометар на теренот.

More from СпортMore posts in Спорт »