Press "Enter" to skip to content

8. издание на “Џез фактори фестивалот“ во Битола започна со концерти на Laurent Coulondre и Corey Wilcox и Working class heroes (фотогалерија)

Годинешното 8. издание на “Џез фактори фестивал“ вечерва во Битола започна со одличен концерт, на радост и за уживање на битолските љубители на џезот на големата сцена “Благој Стефановски – Баге“ во Народниот театар Битола.На свеченото отворање беше присутен амбасадорот на Франција, грчкиот конзул, почесниот конзул на Франција во Битола, директорот на Францускиот институт, гости од друг градови љубители на џезот од нашиот град.Директорот на “Џез фактори фестивал“, Сашо Поповски на свеченото отворање рече:-Сакам да поздравам сите кои сте тука на 8. издание на годинашниот Џез фестивал и воедно да искажам голема благодарност до Народниот театар, како деловен партнер, кој ни овозможува да бидеме тука и да ги организираме овие концерти. Се разбира и голема благодарност кон Општина Битола, која е покровител на фестивалот. Нема да зборувам колку беа тешки изминатите години бидејќи се уште се тешки, како и секогаш кога се работи за уметност е тешко затоа што бројот на публика и мал и варира. Но, ние се трудиме, се бориме и ќе се избориме. Ќе ни биде полесно после 10. издание, кога ќе броиме двоцифрена бројка.-Џез фестивалот минатата година беше избран од една значајна светска асоцијација, од Шангај, Кина каде бевме единствен фестивал од Македонија, а ние одлично ја претставивме Македонија и Битола, а со тоа ја поставивме на Битола на светската мапа на џез фестивали, додаде Поповски. Вечерва на отворањето на Фестивалот, кој од година во година прераснува како музички бренд на Битола, на клавир се претстави LAURENT COULONDRE  од Франција, кој го разгали срцета на љубителите на џезот од Битола.По паузата настапи и Corey Wilcox и WORKING CLASS HEROES од Соединети Американски Држави. Wilcox е мултиинструменталист со неверојатна техничка вештина и музичка разновидност. Како долгого- дишен член на Jazz At Lincoln Center Orchestra, настапувал на светски сцени како Carnegie Hall и Newport Jazz Festival.Утре на програмата на“Џез фактори фестивал“ ќе бидат JAUME MIQUEL TRIO од Шпанија и  SWANTJE LAMPERT TRIO од Австрија. За утре е закажан во 12 часот во НУ Народен Театар Битола MASTER CLASS со SWANTJE LAMPERT од Австрија.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from КултураMore posts in Култура »