Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер го доби Бутел, но дали го “изгуби“ Цветан Кузмановски кој се повреди

Бутел – Еурофарм Пелистер 22:34 (9:15)

Екипата на Еурофарм Пелистер од Битола го одигра натпреварот од 4. коло од плеј-офот во кој  славеше сигурна победа на гостувањето кај Бутел Скопје со 22:34, полувреме 9:15.

Тренерот Раул Алонсо и даде шанса на сите ракометри и ја искористија приликата да се  запишаа во листата на стрелците, освен дефанзивецот Илија Абутовиќ.

“Пелистерци“ отворија добро и имаа 3:8, а до полувремето постигнаа 15 гола, а противникот девет. Во вториот дел се замина на двоцифрен плус 14:24, а до крајот на натпреварот разликата се зголеми на +12, или резултат 22:34.

Најефикасен беше Дејан Манасков со 6 гола, а Домен Тајник, Урош Борзаш и Усама Хосни постигана по 3 гола.

Н0, во тимот на Еурофарм Пелистер се повреди Цветан Кузманоски. Левото крило по една контра имаше лош пад по доскок, па падна на теренот и не можеше да застане на нозе. Откако лекарите го донесоа на клупата, на раце го крена Жарко Пешевски и го изнесе надвор од теренот за да замине на лекарски прегледи во болница.

За каква повреда на Кузманоски се работи ќе биде појасно по деталните прегледи во болница.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »